Кога се дознаа противниците за квалификациите за Европското првенство, љубителите на фудбалот во нашата земја искоментираа-конечно лесна група, и нас една господ да не посака. Ги нема Германија, Шпанија, Англија…
Противниците беа по мерка, Полска, Австрија, Израел, Летонија и Словенија. Репрезентации против кои можеме да играме и да се надигруваме.
Но, по нашиот обичај и менталитет започнаме добро и застанавме. По победата над Летонија и бодот со Словенија, се вративме во реалноста. Полска и Австрија си заминаа со победа и за нас квалификациите се речиси завршени уште пред да почнат.
Зошто е тоа така? Наједноставниот одговор е толку ни е силата. Македонија во овој момент е на ниво натпреварувачки да се надигрува само со најслабите репрезентации од рангот на Гибралтар, Сан Марино, Андора и ако имаме ден со Летонија, Азербејџан, Молдавија и ним слични.
Вчерашниот натпревар со Австрија покажа дека Македонија не може да се носи ни со репрезентација од т.н втора лига. Гостите делуваа надмоќно а нашите загубено. Одбраната „раштимана“, средниот ред и нападот кои треба да бидат нашето најсилно оружје делуваа бездушно.
Затоа, да ги заборавиме овие квалификациите и мечевите да ги искористиме за воигрување за она што е шанса на оваа генерација да види Европско првенство, а тоа е Лигата на нации.
Но, со ваква игра и „глави“ прашање е дали ќе ја победиме и репрезентацијата на Косово, која се бори за првото место во својата група со една Англија.
Comments are closed for this post.