Дводневниот референдум во Романија, во кој гласачите одлучуваа за уставниот амандман кој ќе го дефинира семејството како сојуз меѓу мажите и жените, а со кој би се забранил истополовиот брак, не успеа, бидејќи немаше доволно одѕив на гласачите.
Централната изборна комисија по затворањето на избирачките места соопшти дека 20,41 отсто од регистрираните гласачи излегле на референдумот, недоволно од потребните најмалку 30 отсто за референдумот да биде валиден, објави Асошиејтед прес.
Неусвоениот амандман требаше да ја промени дефиницијата за семејство во романскиот устав, така што бракот, наместо заедница на „сопружници“ би се дефинирал како заедница помеѓу „маж и жена“.
Comments are closed for this post.