По одлуката на претседателот Илир Мета да ги одложи локаалните избори, албанскиот премиер и лидер на владејачката Социјалистичка партија, Еди Рама, категоричен во својот став дека избори ќе има на 30 јуни,бидејќи „изборите не се ниту на претседателот,ниту пак на партиите“.
-Протестите се очаен обид на губитници. Изборите ќе се одржат на 30 јуни, а Мета повторно направи грешка. На 30 јуни ќе има избори, тие не се ниту на опозицијата, ниту на претседателот. Нивна цел е да ги уништат изборите, рече Рама на изборен митинг во градот Берат.
Рама опозициските водачи ги нарече очајно стадо кое ја посакува Албанија подалеку од Европа.
Инаку, албанскиот претседател Илир Мета синоќа кусо пред почетокот на протестот на обединетата опозиција соопшти дека го поништува указот со кој изборите ги закажа за 30 јуни.
Во соопштенето од неговииот кабинет тој најпрво ја искажува големата загриженост поради длабоката политичка криза во земјата поради „несогласувањето на ни една страна“да се седне на дијалог и најави дека в понеделник подетално ќе ги објасни уставните,законски и логични причини за неговата одлука за одлагање на изборите.
Првичните реакците околу одлуката на Мета се различни,но сепак преовладуваат оние во кои стои оценката дека овој чекор на претседателот е правилен „зашто со тоа спречил граѓански конфликт“
Comments are closed for this post.