Mаж од Лукавац е осомничен дека преку социјалните мрежи поттикнувал убиство на Милорад Додик и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ.

Според Б92 , осомичениот барал снајперист кој ќе ги убие двајцата функционери.

Портпаролката на министерство за внатрешни работи на Република Српска, Мирна Миљановиќ, изјавила, цитирајќи ги иницијалите на осомничениот, дека Управата за борба против тероризам и екстремизам доставила извештај до Републичкото обвинителство против З.Х. под сомневање за сторено кривично дело „јавно поттикнување на терористички активности“.

„Тој е осомничен дека на 23 јануари годинава, на неговиот профил на фејсбук, презентирал лични идеи кои поттикнуваат на терористички акции, отворено повикувајќи на ликвидација на највисоките функционери на Република Српска“, објасни Миљановиќ.

Според неофицијални информации од порталот „Српска инфо“, осомничениот на неговиот профил започнал иницијатива за ангажирање на снајперист кој би ги убил Додик и Цвијановиќ.