Кинеската компанија Хуавеј е под американски санкции , воведени поради безбедносна сигурност и тоа среде трговската војна меѓу Пекинг и Вашингтон.
Досегашните сопственици на апаратите на Хуавеј и натаму ќе можат без проблеми да ги користат апликациите на Фејсбук и на другите социјални мрежи.
Од Фејсбук додаваат дека нивните правници ги проучуваат службените документи на американските власти и носат мерки за да се усогласи со нив.
Американската администрација забрани размена на каква било технологија меѓу американските и кинеските компании , што предизвика домино ефект на целиот сектор.
Comments are closed for this post.