Фудбалската ѕвезда на полската репрезентација и на Баерн Манхин, Роберт Левандовски, подготвува едно изненадување за натпреварот против Македонија во Скопје.
За оваа средба, Левандовски доби специјално дизајнирани и персонализрани копачки изработени во Македонија. На нив го има исцртано националниот полски симбол, орелот, а со стилизирани букви го пишува и неговото презиме.
Левандовски ги доби овие копачки на последниот тренинг, а првпат треба да ги облече токму на дуелот против Македонија. Во меѓувреме, на македонската публика и останува надешта дека, барем на нивното деби, копачките нема да му донесат премногу среќа на полскиот фудбалски ас.
Comments are closed for this post.