Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим закажаа полуфинале на Роланд Гарос откако денес славеа убедливи победи во три чиста сета.

Српскиот тенисер имаше мали проблеми со Германецот Александар Зверев (5) во првиот сет. Зверев направи брејк, поведе со 5:4, но потоа светскиот тренисер број 1 зеде 6 гема по ред. Првиот сет го доби со 7:5, 6:2 и 6.2.

Тим го совлада Карен Качанов со 6:2, 6:4 и 6:2.

Ѓоковиќ на турнирот до сега нема загубено сет.

Утре во 12.50 на Филип Картие во првото полуфинале ќе гледаме класика – Рафаел Надал против Роџер Федерер.