Бесконтактни смарт картици да користат граѓаните доколку сакаат да заштедат со поставувањето на новите патарини, порача денеска директорот на Јавното претпријатие за јавни и државни патишта Зоран Китанов.
Заштедата за граѓаните би била два отсто, а за фирмите до седум. Патарините се предвидени за изградба преку ЕБОР уште во 2014 година и не ги измислила оваа власт и во Македонија има најевтини патарини во однос на Европа, вели Зоран Китанов, Директор на јавното претпријатие за патишта.
Електронската наплата на македонските патарини долж Коридорот 10 ќе стартува во текот на месецов и со неа за прв пат ќе се воведе минимален попуст за редовните корисници на оваа услуга.
Китанов истакна дека во корист на граѓаните е што е намалена цената за мотоциклите и за странците, односно за по половина евро одат надолу цените на наплатните рампи кај Романовце и Стоби од едно и пол на едно евро.
Мотоциклистичката федерација на Македонија упати јавна благодарност до јавното претпријатие „Државни патишта“ бидејќи со измените за висина на наплата за патарина, мотоциклите се ставени во посебна категорија со помал надоместок.
Comments are closed for this post.