Неколку опции стојат на располагање на премиерот доколку Европската унија не одреди датум за почеток на преговорите за членство. Заев појасни дека се можни предвремени парламентарни избори, бирање на нова влада со нов мандатар но и превземање на одговорност за евентуалниот неуспех.
Сепак Заев е оптимист дека ќе добие датум бидејќи успехот што го направила Македонија е препознаен од страна на Брисел и оти треба да биде вреднуван.
Но, доколку тоа не се случи, премиерот објаснува дека сите можности се отворени бидејќи ова е крупно прашање.
Република Македонија испорача за пример.Имаме сто посто реформи, имаме затворени билатерални прашања, светол пример се во регионот и доказ за моќта на привлекување на Европската унија.Ниту една земја нема замерка на нашата земја.Јас ги разбирам регионалните проекти, но моја примарна цел е да се грижам за Република Северна Македонија, за иднината на граѓаните и на државата-објасни Заев.
Многу работи ќе бидат појасни следниот месец кога Заев ќе отпатува во Берлин на средба со канцеларката Ангела Меркел. Германија е една од земјите која е воздржана околу тоа дали Македонија треба да добие датум за почеток на преговорите за членство. И доколку германските власти покажат војла, тоа треба да биде одобрено од Бундестагот. Прашање дали има време за такво нешто со оглед на летните одмори.
Покрај Германија, и Франција и Холандија покажуваат сомнеж дека Македонија треба да добие датум за почеток на преговори и покрај решението на спорот со Грција кој досега беше главна пречка.
Comments are closed for this post.