Американскиот претседател, Доналд Трамп и германската канцеларка, Ангела Меркел, разговарале за ситуацијата во Либија и во Западна Африка, соопшти портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.
Претседателот Трамп и канцеларката Меркел се повлекоа од останатите и имаа куса средба од околу 10 минути. Тие се договорија подетално да разговараат на Самитот на Г20, што ќе се одржи во Јапонија подоцна месецов – изјави Сандерс.
Трамп и Меркел присуствуваа на прославата на 75-годишнината од „Денот Д“ во Портсмут, а по завршувањето на тридневната посета на Велика Британија, американскиот претседател отпатува за Ирска.
Comments are closed for this post.