Законите за забрана на абортусот во некои сојузни држави во САД се „елементи на криза организирана и платена од екстремистички групи“, изјави Кејт Гилмор, заменичка врховен комесар на ОН за човекови права.
Според неа, политиката на властите на САД во однос на абортусот е пројавување на „крајна омраза“ која прераснува во „тортура врз жените“.
Несомнено, тоа е родово насилство во однос на жените и лишување на нивното право за здравје – истакна заменичката врховен комесар за човекови права.
Годинава во мај, истовремено во четири сојузни држави – Џорџија, Мисури, Охајо и Алабама, беа донесени закони за речиси целосна забрана на абортусите. Во првите три сојузни држави, законот донекаде предвидува и забрана за вештачкиот прекин на бременоста дури и во случај на силување или инцест.
Според податоци од Светската здравствена организација, во развиените држави на секои 100 илјади илегални абортуси има 30 случаји на смрт на жените, додека во сиромашните земји тој показател е до 220 случаји на смрт.
Comments are closed for this post.