Серијата „Чернобил“ која се темели на нукеларната катастрофа која се одрази врз цела Европа, воодушеви многумина. Се смета за една од најдобрите серии од „HBO“ продукцијата и има одлични оценки од гледачите и критиката.
Додека светот ја фали серијата, некои не се толку воодушевени. Дел од руските медиуми пишуваат дека се назадоволни што серијата Чернобил и катастрофата ја снимил Запад, а не Русите.
Фактот дека е американски, а не руски телевизиски канал кој ќе ја раскаже приказната за нашите херои е срамота за медиумите наклонети кон Кремљ“, пишува Москов Тајмс.
Во еден од најтиражните весници во Русија, „Космомолска правда“, објавен е текст за тоа како „конкурентите ја користат серијата да ја оцрнат земјата како нуклеарна сила“.
И московска „Правда“ смета дека идејата на сценаристот била да ја насочи европската јавност против руските нуклеарни проекти.
Дел од руската јавност и медиуми серијата ја опишуваат како „карикирање“, а водителот на ТВ каналот „Русија 24“ за серијата рекол дека „недостасуваат уште мечки и хармоники“.
Ако Англосаксонците снимат нешто за Русите, тоа дефинитивно не одговара на вистината“, тврди колумнистот Анатолиј Васерман, Украинец кому Путин му даде руско државјанство.
Интересно е дека рускиот канал НТВ објави дека снима своја серија за Чернобил и тоа ја темели на претпоставки дека ЦИА испратила агент во зоната на Чернобил како би извршил саботажа, пренесува „Москов тајмс“.
Comments are closed for this post.