Беверли Хилс, предградие на Лос Анџелес, Калифорнија одлучи речиси во потполност да ја забрани продажбата на производи од тутун.

Градската управа денеска едногласно гласаше за забрана за продажба на цигари, електронски цигари и други производи од тутун од 2021 година.

Продажбата ќе биде забранета на бензински пумпи, самопослугите, малите продавници, а ќе биде дозволена во хотелите и во три луксузни барови.

На ваквата мерка се протива сопствениците на бензинските пумпи. Наведуваат дека со ова ќе им се намали прометот и ќе бидат приморани да отпуштааат работници.