Поранешниот претседател на ВМРО ДПМНЕ , Никола Груевски, во текот на ноќта напиша обраќање до неговата матична партија и пратениците, во кое тој ги повикува да не подлегнуваат на уцени. Во текстот што го објави на својот ФБ профил, Груевски ја споредува ВМРО ДПМНЕ со државата, наведувајќи дека партијата е последен меч на одбраната на националните интереси.
Груевски наведува дека верува оти и без неговото предупредување ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи да биде уценето, но сепак, како што пишува сака да испрати проглас до партијата , а во врска со “политичкиот прогон” против него, поврзан со набавката на владиниот мерцедес пред 6 години.
Доколку од Вас, било кој и на било кој начин, бара да направите и најмала остапка која би била на штета на државните и националните интереси, ставајќи го тоа во корелација со запирање или ублажување на политичкиот прогон против мене, како долгогодишен водач на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија за Македонско Национално Единство и како нејзин почесен претседател и актуелен пратеник, Ве молам без размислување, без ни малку колебање, одлучно да го отфрлите таквиот непристоен предлог, пишува Груевски.
Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ мора да носи одлуки кои се најдобри и најисправни за Република Македонија, македонската нација и сите граѓани на Република Македонија и да остане заедно со народот и во најтешкото.
Тој додава дека чесно ги водел државата и партијата и порачува дека нема да дозволи да го скршат.
Јас и мојата судбина, политичкиот прогон против мене, изживувањето и “лечењето“ лични фрустрации и суети со прогонот и малтретирањето на мене, етикетирањето без основ до ниво на жигосување, казнувањето без вина, сето тоа е второстепено и јас тоа ќе го истрпам, ќе го издржам, ќе се справувам и ќе се борам колку што можам, со целосна подготвеност за плаќање на цената за тоа, независно дали таа се однесува на моето достоинство и углед, на мојата слобода или на мојот живот. Знам дека моите деца независно колку денес на оваа возраст го разбираат сето тоа, кога ќе пораснат и самостојно ќе расудуваат, кога ќе научат и проучат за нашата борба и идеали, дека правилно ќе разберат се, вклучувајки ги сите последици кои ги трпат и ќе ги трпат.” вели Груевски.
На власта и се обраќа:
Ќе им порачам: на власт се доаѓа и се заминува. Во затвор се влегува и се излегува. Пари се заработуваат и се трошат. Политичка подршка се добива и се губи. Мандати почнуваат и завршуваат. Но, достоинството кога се губи, се губи засекогаш. Тоа го губат тие кои полни со омрза ме прогонуваат и неможат да се помират дека неможат да ме скршат, иако пробаа се, буквално се’. Бесни се, ќе им дојде крајот.
Осврнувајќи се на минатото на македонскиот народ и користејќи цитати од македонскиот револуционер Гоце Делчев, како и германскиот филозоф Фрудрих Ниче, своето обраќање до партијата и пратениците Гревски го завршува со цитат од писмо од 1924 година, испратено од Тодор Александров во кое тој наведува дека се раководел единствено од интересите на ВМРО.
ВМРО-ДПМНЕ не смее да биде уценето. Ако ВМРО-ДПМНЕ е уценето, уценета е и Македонија.
Кога ВМРО-ДПМНЕ е на колена, на…
Posted by Nikola Gruevski on Saturday, 6 October 2018
Comments are closed for this post.