Агенти на британската служба МИ6, чија единица е стационирана во Црна Гора, го прислушуваат државниот врв на Србија, oткрива српскиот весник „Курир“.
Според нивните информации, на удар се претседателот Александар Вучиќ, неговиот секретар Никола Селаковиќ, министерот на полиција Небојша Стефановиќ, шефот на дипломатија Ивица Дачиќ, градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, но и сите српски политичари од Косово и Метохија. Шпионите им ги следат повиците, им ги читаат СМС, „Ватсап“ и „Вибер“ пораките и ги повлекуваат податоците од телефоните.
Опремата на шпионите чини околу 1,5 милиони евра и толку е современа што може да повлече податоци од телефон во дијаметар од 15 километри.
Comments are closed for this post.