Голманот на Вардар, Дејан Милосављев во својата дебитантска сезона во вардаровиот тим стигна до шампионскиот трофеј во елитната лига.
„Ова е нестварно. Благодарност за навивачите. Благодарност и до тренерот Дејан Периќ. Знаеше дека сум млад, но веруваше во мене. Ме чуваше од некои работи кои можеа да ме исфрлат од ритам. Горд сум на овој клуб, на семејството и на сите кои се со нас. Би сакал еден ден повторно да се вратам во Скопје. Вардар ми е во срцето, рече Милосављев.
Србинот следната сезона ќе настапува во Фуксе Берлин.
Comments are closed for this post.