Најдоброто лево крило во Лигата на шампионите Тимур Дибиров рече дека се уште не верува дека по втор пат со Вардар е на европскиот ракометен трон.

„Не знам што да кажам. Немаме појма како станавме шампиони. Сакавме да се бориме до крај и го направивме тоа. Не можам ниту да замислам дека по втор пат ќе го поминам овој пат со трофејот од ЛШ и ќе имаме ваков пречек“, изјави Дибиров.

За сензационалната победа против Барселона во полуфиналето кажа: „Старшно пцуење на полувремето. Се договоривме да изгинеме на терен, да умреме ама да не изгубиме“.