Поранешниот државен секретар на САД, Медлин Олбрајт ќе добие споменик во Приштина, објавуваат косовските медиуми. Тоа ќе биде благодарност за нејзините заложби за независноста на Косово.
Олбрајт, заедно со Хилари Клинтон ќе дојдат во Косово на 14 јуни на прославата на денот на независноста. Сопругот на Хилари, Бил веќе има споменик, а пак поранешната прва дама на САД има бутик што го носи нејзиното име.
Comments are closed for this post.