Американката Рејчел Палма (42) минатата година почнала да доживува необични симптоми, како ноќни кошмари , главоболки и халуцинации, по што се обратила кај повеќе доктори кои и рекле дека има рак на мозокот и треба да се оперира.
Кога и го отвориле черепот, докторите се шокирале.
,,Најдовме цврста структура во облик на јајце од препелица.” раскажа неврохирургот Џонатан Расули.
Кога го отвориле ,,јајцето” , во него нашле тенија.
,,Во главата најдовме паразит, кој успеавме да го извадиме и бевме среќни поради тоа. Беше една од ретките ситуации да најдеме паразит и да сме среќни.” вели докторот.
Потоа било утврдено дека станува збор за свинска тенија , која е честа во Јужна Америка , додека во САД е исклучително ретка.
Comments are closed for this post.