Германската компанија за дијализа „Фресинијас медикал кер“ (Fresenius Medical Care) призна дека платила мито за да добие сигурна работа во Србија и во неколку други земји во светот, според извештајот објавен на почетокот на оваа недела на интернет-страницата на Комисијата за хартии од вредност на САД (СЕК), открива српски „Недељник“.
Истрагата откри дека компанијата подмитувала лекари во Србија, Шпанија, Турција, Кина, Босна, Мексико, Саудиска Арабија и неколку земји во западна Африка.
Што се однесува до делот на истрагата за Србија, во извештајот што може да се најде на интернет-страницата на СЕК, четири неименувани лекари од Србија добиле од германската компанија 329.000 долари од 2007 до 2014 година. Тие биле во Републичкиот фонд за здравствено осигурување или во други комисии за јавни тендери, на кои конкурирала германската „Фресинијас медикал кер“.
Comments are closed for this post.