Извештајот ги отсликува реалните состојби во Република Северна Македонија.Добивме јасна препорака за почетокот на преговорите, без дополнителни услови.
Ова го изјави претседателот Стево Пендаровски по примањето на Извештајот од ЕК, кој му беше врачен од евроамбасадорот Самуел Жбогар.
„Како Претседател, очекувам Европскиот Совет да ги валоризира напорите на земјата, и согласно донесената препорака на Европската Комисија, во јуни да донесе одлука за почеток на пристапните преговори за членство. Секое дополнително одложување на започнувањето со преговорите ќе влијае демотивирачки на нашето општество и ќе има сериозни импликации врз спроведувањето на европските процеси. Очекувам и барам од сите релевантни политички чинители во Република Северна Македонија да ја препознаат важноста на моментот и преку одговорен и конструктивен пристап да дадат придонес за напорите на државата за нејзиниот напредок кон европскиот пат“, порача Пендаровски.
Според него денеска добивме најдобар извештај од Европската комисија во историјата на нашите евроатлантски интеграции,
„Република Северна Македонија направи решителни чекори, како на надворешно политички план, така и на внатрешен план преку спроведувањето клучни реформи неопходни за напредок кон европскиот пат“, истакна шефот на државата.
Посочи дека во Извештајот на ЕК се препознаени нашите напори во насока на враќање на довербата на граѓаните во институциите со зголемената отчетност, транспарентност и одговорност на носителите на клучните политики, но и обврската за преземање одговорност во случаите каде што има идентификувани коруптивни дејствија.
Северна Македонија, рече Пендаровски, напредува во оценката за реформите во делот на правната држава и правосудството не губејќи од вид дека е потребно интензивирање на реформите за што, како што рече, сигурен сум дека постои подготвеност кај сите засегнати политички партнери.
Comments are closed for this post.