За прв пат по Втората светска војна белгискиот крал Филип Втори денес во кралската палата прими лидер на крајно десничарска партија.
Попладнево во Брисел белгискиот крал ги отвори вратите за лидерот на Влаамс Беланг партијата, Ван Греикен, како дел од преговорите за формирање на новата влада во лингвистички поделената нација.
Белгиските медиуми објавија дека за прв пат од 1936 година лидер на крајно десничарска партија влегува во кралската палата, што само покажува колку Европа се менува, особено по големиот напредок на ултрадесничарските и неофашисички партии низ континентот.
Партијата Влаамс Беланг на парламентарните избори во неделата стана втора по јачина партија во фламанскиот дел на земјата (холандско говорно подрачје).
Интересно, но иако претходницата на оваа партија, Влаамс Блок, на изборите во 2003 година освои ист број седишта, сепак, тогаш кралот Алберт Втори не ја покани партијата на преговори за формирање влада.
Ван Гриекен изјави дека „е задоволен од поканата“ и истакна дека со „ова е исправена една историска неправда, која траела 40 години и што било недемократски“.
Од друга страна, пак, лидерот на главната партија во Валонија, Максим Превод за приемот на деснилчарот кај кралот кратко изјави: „Ме полазија морници“!
Comments are closed for this post.