Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги објави коефициентите на клубовите што ќе настапуваат во Лигата на шампионите и Лигата Европа. Со тоа се одредија и можните противници на четирите македонски екипи што идната сезона ќе не претстсавуваат во Европа, Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите, а Академија Пандев, Шкупи и Македонија Ѓорче Петров во квалификациите за Лигата на Европа.
Од овие четири тимови, Шкендија во првото квалификациско коло ќе биде носител, што значи дека ќе добие полесен, но и за публиката понеатрактивен противник, што не е случај со трите екипи во Лигата на Европа, коишто при ждрепката ќе бидат во групата на аутсајдерите и може да играат и против поранешни шампиони на Европа.
Таква е Стеауа, која што е еден од можните противници на Македонија Ѓ.П., Шкупи или Академија Пандев, а освен 26-кратниот шампион на Романија, меѓу најсилните можни противници се и Легија Варшава или Глазгов Ренџерс.
Што се однесува до најатрактивните имиња за публиката што би можеле да дојдат во Скопје се издвојува сплитски Хајдук, кој ги предводи неколкуте екипи од регионот, како ЦСКА Софија од Бугарија, Чукарички и Раднички Ниш од Србија, Железничар и Зрински од БиХ, Олимпија и Домжале од Словенија, но и Видеотон каде што настапува македонскиот репрезентативец, Бобан Николов.
Можни противници на македонските претставници во Лигата на Европа:
Легија Варшава, Стеауа, Малме, Молде, Аполон Лимасол, Хапоел Бер Шева, Видеотон, Динамо Минск, Спартак Трнава, АЕК Ларнака, Хајдук, Жалгирис, Абердин, Победник од бараж во Данска (Брондби ли Рандерс), Глазгов Ренџерс, Зрињски, Каират Алмати, Алашкерт, Раднички Ниш, Чукарички, Килмарнок, Шахтјор Солигорск, Витебск, Домжале, Крусејдерс Белфаст, Вентспилс, Стјарнан, Норчепинг, Хаугесунд, Бран, ЦС Фола, Вадуз, Тобол, Ордабаси, Краковија Краков, Нефчи, Сабаил, Олимпија Љубљана, Корк Сити, Динамо Тбилиси, Макаби Хаифа, ЦСКА Софија, Железничар Сараево, победник од бараж во Бугарија (Левски или Етар), Тракаи, Будуќност Подгорица.
Можни противници на Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите:
Судува, Сараево, Валета, Пјаст Гливице, Пјуник, Клуж, Ференцварош, Калју Номе, Сутјеска, Партизани Тирана, Валур Рејкјавик, Линфилд Белфаст, Торшавн, Рига, Сабуртало Тбилиси, победник од предквалификациски турнир (Линколн Ред Импс – Гибралтар, Санта Колома – Андора, Тре Пене – Сан Марино, Фероникели – Косово).
Подгрупи за ждрепката
Во квалификациите и во двата купа, екипите учеснички ќе бидат поделени во групи составени од по ист број носители и аутсајдери, определени според коефициентот на УЕФА што го има секој тим. Компјутерски ситем ќе ги одреди составите на групите на тој начин за да се обезбеди екипи од иста земја да не можат да бидат во иста група и групите да бидат релативно изедначени според рангирањето.
При ждрепката за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, 32 екипи (16 носители и 16 аутсајдери) ќе бидат бидат поделени во две групи од по 10 и една група од 12 тимови. Во Европа Лигата, пак, во првото квалификациско коло ќе учествуваат 94 тимови, коишто ќе бидат поделени во седум групи со по 10 и две групи со по 12 екипи.
Comments are closed for this post.