Зоран Заев e лично виновен за криминалот, корупцијата и сиромаштијата што и се случуваат на Република Македонија. Заев преку театар за наводна метла да ги манипулира граѓаните, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Утрово преку соопштение тие порачаа дека Заев знае оти нема ништо остварено што вети на граѓаните и дека заминува во длабока опозиција. Според партијата токму затоа и ги разреши сите кои можат да му бидат опоненти во СДСМ.

Разрешувањето од партиските функции не ги решава секојдневните проблемите на граѓаните. Граѓаните се незадоволни од власта, а не од луѓе кои вршат партиски функции во СДСМ. Под итно е потребна целосна одговорност. Потребна е колективна оставка на целата влада, на чело со Зоран Заев“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.