На светските берзи, цената на нафтата минатата недела го забележа најголемиот неделен пат годинава. Инвеститорите се плашат дека трговскиот спор меѓу САД и Кина ќе предизвика успорување на растот на светската економија, а со тоа и слабење на побарувачката за енергенси.
На лондонскиот пазар цената на барелот минататa недела падна за 4,8%, додека на американскиот поевтини за 6, 4%.
Падот на цената е последица од тензијата во трговските односи меѓу САД и Кина, што може да наштети на целокупната светска економија, а со тоа да се намали и побарувачката на црното злато.
Анализите покажуваат дека растот на американската економија се забавува, што влијае на побарувачката на нафта.
ОПЕК и нејзините сојузници на чело со Русија се придржуваат на минатогодишниот договор за намалување на производството за 1, 2 милиони барели дневно, кое доведе со раст на цената на нафтата за отприлика 30% од почетокот на оваа година.
Comments are closed for this post.