Граѓаните имаат поделен став за транспарентноста на Владата во нејзината работа. Дел од нив сметаат дека таа е отворена и транспарентна (39,6%), а дел дека не е (39,3%), покажува истражувањето на јавното мислење на тема „Транспарентност на Владата”, спроведено за емисијата „Детектор” на ТВ Сител, во која гостуваа министерот за транспарентност и отчетност Роберт Поповски, Жанета Трајковска – директор на Институт за комуникациски студии и Бардил Јашари од „Метаморфозис”.
Мнозинството од граѓаните немаат увид во плановите и работата на Владата (54,2%), за нив состојбата со транспарентноста и отчетноста на Владата останува иста со минатата година (29,3%). Поголем број од испитаниците од албанска етничка припадност сметаат дека оваа Влада е транспарентна во својата работа (45,6%), за разлика од Македонците (37,9%) и другите етнички заедници (36,4%) кои не го делат истото мислење.
Comments are closed for this post.