На прославата на Денот на младоста, која 15-ти пат по ред се одржува во Кумровец, родното место на Јосип Броз Тито, оваа година имаше повеќе луѓе отколку кога било досега. Според проценката на организаторите, на одбележувањето дошле 15.000 луѓе, додека во претходните години имало најмногу 10.000.
Како и во изминатите години, така и на оваа прослава, беше забрането да се вее исклучиво југословено знаме и да се носи униформа на ЈНА, додека сите други комунистички симболи, слободно можеа да се истакнат.
Сепак, неколку присутни носеа и знамиња на Југославија. Собирот помина без инциденти, а организаторите веруваат дека така ќе биде до крајот на денот.
Посетителите дојдоа од сите делови на Хрватска, но исто така и од Словенија и БиХ. Од изутринава пред куќата на Тито, се слушаа партизански и југословенски песни, а низ Кумровец, како и во претходните години, се прошета актер во униформа на маршалот, кој пушеше цигари и позираше како другарот Тито.
Comments are closed for this post.