Бизнисот на популарниот готвач Џејми Оливер во последно време не му оди најдобро, тој е пред банкрот, но тоа не значи дека Џејми не направил ништо вредно во животот – доказ дека е така е неговата раскошна куќа вредна 10 милиони евра.
Пред неколку дена Џејми Оливер објави дека го затвора својот популарен синџир италијански ресторани во Велика Британија и оти одеднаш на улица ќе останат 1.300 вработени, кои биле затачени зашто за тоа дознале во последна минута.
Но, Џејми е светски познат готвач, напиша неколку вредни книги за готвењето и заработи околу 300 милиони евра. Овој пат медиумите не пишуваат толку за неговите ресторани, за кои сметаат дека се затвораат поради изгор цените, туку за неговиот семеен дом кој го одзема здивот.
Неговата жена Џулс на Инстаграм се пофали каде живее таа со својот сопруг и децата – куќа од соништата вредна 10 милиони евра. Куќата која се наоѓа во Хабстид Хит има седум спални соби, голема кујна со најмопдерна опрема и градина на која никој нема да остане рамнодушен.
Целиот простор каде што е сместена куќата наликува на дворец од приказните, каде растат најразновидни цвеќиња кои досегаат до прозорците, покрив од ќерамиди, огромен влез, како порта кон дворецот. Вистинска приказна која ја надополнува шумата која се издига зад градината.
Во внатрешноста доминира пространата кујна во која гастрономот готви и експриментира, прави јадења до совршенство. Во неа има огромна трпезарија, доволна за целото семејство и за по некој гостин.
Задниот дел од дворот има многу простор во кој уживаат неговите деца Попи (17), Дејзи (16), Петел (10), Банти Бер (8) и Ривер (3). На едно од сликите семејството Олиер е на приватен излет во својот двор. Фантазија!
А, големиот шеф има и своја градина од каде ги зема свежите продукти и зачини неопходни за гастрономското совршенство.
Главниот дел од куќата е апартман со ѕидови од дрво и камин и супер кинг сајз кревет во стилот на Луј 14, со позлатени детаљи. Златните детаљи можат да се забележат и во бањата.
Сите во куќата си имаат свој интимен простор, а нормално и Џејми, кој има своја канцеларија, каде веројатно сега ќе ги решава последните главоболки наметнати со финансиските проблеми. Но, синџирот е ставен на продажба, а Џејми Олиер се надева дека ќе најде добар купувач за неговиот бренд.
Comments are closed for this post.