Африканската држава Боцвана ги разлути активистите за заштита на животните , откако вчера ја укина забраната за лов на слонови.

Властите во Боцвана велат дека строго ќе го контролираат ловот на слоновите. Министерот за туризам Кицо Мокаила вели дека укинувањето на забраната ќе биде времена , но не наведе колку ќе трае.

Владата планира да издаде 400 дозволи за сафари , односно за лов на слонови секоја година , а во иодредени подрачја ловот ќе биде забранет.

Од таму се правдаат дека забраната за лов на слонови довела до големи судири со локалнотио население , бидејќи слоновите им ги уништувале земјоделските насади.

За активистите за заштита на животните укинување на забраната само ќе ги наполни џебовите на богатите , а нема да помогне во намалувањето на суиромаштијата во земјата.

Се проценува дека во Боцвана живеат околу 130 000 слонови.