Напаѓачот на Барселона Лионел Меси ја освои „Златната копачка“ за најдобар стрелец на националните шампионати во сезоната 2018/2019.
Аргентинецот ја предводеше Барселона до титулата во шпанската Ла Лига со 36 погодоци, со што по трет пат во низа е најдобар стрелец на Стариот континент.
Мбапе беше главниот конкурент на Меси кој има постигнато 33 голови во дресот на Пари Сен Жермен во француската Лига 1.
Теоретски и понатаму може да го престигне напаѓачот на Сампдорија, Фабио Каваљеро, но Италијанецот во последното коло од Серија А ќе мора да постигне 11 голови.
Напаѓачот на Барса е рекордер на Европа со шест „Златни копачки“, а единствен е со „хет-трик“.
Шест титули има и Кристијано Роналдо, додека далеку зад нив се Еузебио, Тјери Анри, Луис Суарез, Герд Милер, Марио Жардел, Алистер Мекоист и Дијего Формал со по две.
Comments are closed for this post.