Граѓаните немаат потреба од лажно продавање на морал од луѓе како Павле Богоевски кој што во низа од неколку месеци вршел кривично дело и ја извршуваше пратеничката функција!Оставката не е и не може да биде оправдување и амнестирање од направениот криминалот. Павле Богоевски мора да сноси кривична одговорност за трговија на нарко-пазарот, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
МВР и ЈО мора итно да спроведат акција врз основа на личното признание на Павле Богоевски, за да се открие целиот синџир за трговија со наркотици, но и да се провери кои се’ од претставниците на власта, на парламентот, јавни функционери биле дел од таа и од таква криминална трговија но и и злоупотребувале наркотици, побара Стоилковски.
Comments are closed for this post.