Поранешниот претседател на Јужна Кореја, Ли Мјун-бак доби пресуда за 15 години затвор поради корупција.

Ли Мјун-бак (76) , кој беше претседател на земјата од 2008 до 2013 година, е прогласен за виновен за корупција, проневера и други криминали.

Освен затворската казна, судот во Сеул го осуди 76-годишниот поранешен претседател да плати и казна од 13 милијарди корејски фунти (10 милиони евра).