Почна седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на која се очекува да бидат потврдени одлуките од вчерашната седница на Извршниот комитет
Вчера Извршниот комитет донесе одлука дека услов за партијата да оди на избори е да се формира комисија која ќе ги испита сите неправилности поврзани со референдумот, нов Јавен обвинител предложен од опозиција и она што е најважно Пржинска влада со траење од сто дена пред избори.
Потпретседателот Александар Николовски нагласува дека целата референдумска постапка била фалсификат и дека резултатот од гласањето не го признаваат.
Тој упати порака до власта да престане со шиканирањето и бркањето од работа на сите кои одлучија да гласаат против или да не гласаат на референдумот, бидејќи сето тоа го документирале и ќе преземат мерки.
На состанокот вчера беше истакнато дека партијата не го признава резултатот од референдумот, а договорот од Преспа го смета за политички мртов и празно слово на хартија.
Comments are closed for this post.