Австрискиот вице канцелар и лидер на Слободарската партија Хајнс Штрахе денеска поднесе оставка поради скандалозно видео кое се појави во јавноста , во кое тој нуди државна работа за да добие финансика поддршка.
Штрахе според медиумите утре ќе поднесе оставка и од претседателското место во партијата која е главен коалиционен партнер на владејачката партија на канцеларот Себатсијан Курц.
Медиумите наведуваат дека австрискиот канцера и лидер на Народната партија на Австрија Себастијан Курц одбил во иднина да соработува со вицеканцеларот Штархе.
Вицеканцеларот во заминување денеска имал средба со канцерот Курц на која разговарале за скандалозното видео , во кое тој заедно со потпретседателот на Слободарската партија Јохан Гуденусон на наводна внука на руски милијардер и нудат државна работа во замена за финансиска поддршка на нивната партија.
Скандалозното видео е направено во летото во 2017 година во екот на предизборната кампања за австрискиот парламент а во јавноста го објавија германскиот магазин „Шпигл“ и дневниот весник „Зидојче цајтунг“.
Comments are closed for this post.