Во комплексот на на Министерството за внатрешни работи изби пожар. Чадот што доаѓаше од објектот ги вознемири граѓаните што живеат и поминуваа во близина.
За време на случувањето, околу зградата имаше големо присуство на полициски службеници, коишто не дозволуваа пристап ниту, пак, сликање или снимање на министерството.
Според првични, неофицијални информации, станува збор за опожарено полициско возило, за транспорт на луѓе, “пинцгауер”, коешто најчесто се користи за превезување на припадниците на специјалните единици.
Comments are closed for this post.