Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер заради повреда на десната нога одлучи да се повлече од Мастерсот во Рим. Швајцарецот пред четврфиналниот меч одлучи да се откаже, соошти организаторот на турнирот.
Федерер требаше да игра против грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој потполно неочекувано доби ден одмор.
Се уште не е познато дали повредата ќе влијае на неговиот настап на Ролан Гарос, кој стартува на 26 мај.
Федерер на турнирот освои две кола. Прво беше подобар од бразилецот Жуан Соуза, а потоа во драматичен меч го совлада Борна Чориќ.
Comments are closed for this post.