Пратеникот Илија Димовски, од ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието, како претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата доставил Предлог одлука за огласување именување на членови на Државната комисија за спречување на корупцијата..
Собранието на Република Македонија на 19 март 2018 година разреши пет од седум члена на Државната комисија за спречување на корупцијата, поради што сметам дека е потребно согласно Законот за спречување на корупцијата да се распише оглас за именување на нови пет членови на оваа комисија. Во овој момент државата нема функционална комисија за спречување на корупцијата. Политичката најава за можно одржување на предвремени парламентарни избори наметнува потреба да се комплетира составот на Државната комисија за спречување на корупцијата, заради нејзината надлежност и опфат на задачи поврзани со спроведувањето на изборите, а во согласност со законите, се наведува во соопштението потпишано од Димовски.
Comments are closed for this post.