Во застрашувачка ситуација се нашле патниците кои во вторникот од Франкфурт требало да летаат за Загреб, но на крај, сепак, се се завршило среќно. Драмата се случувала во авион на шпанската компанија Ер Нострум, а во авионот меѓу патниците биле и двајца министри во хрватската влада, како и фудбалерот на Ливерпул, Дејан Ловрен, објави „Јутарњи лист“.
Инцидентот се случил на пистата во Франкфурт, авионот веќе тргнал да полета, кога пилотот ја запрел стандардната процедура и ги информирал патниците дека дошло до дефект. Во внатрешноста се почувствувала миризба по што стјуардесите се раздвижиле низ авионот, објавија патниците. Во авионот биле државниот секретар во Министерствотото за здравство Томе Античиќ и министерката Блаженка Дивјак. Античиќ на Фејсбик напиша дека пилотот на многу лош англиски јазик рекол дека има проблем со „еден од ????“, после дознале дека не станува збор за моторите, туку за климата. Потоа патниците се соочиле со друг проблем – не можеле да најдат слободни хотелски соби, но како што велат, на крај сето тоа среќно се завршило.
Во истиот авион, како што објави Античиќ, бил и фудбалерот Ловрен и неговата сопруга Ана.
Comments are closed for this post.