Властите во Приштина за прв пат признаа дека Косово е центар на илегалната трговија со оружје. Според директорот на Меѓународната единица за координирање на спроведувањето на законите, Бесника Салаху, на територијата на Косово има 260.000 парчиња разновидно оружје, пренесува телевизија РТК.
Шверцот особено се засилил по влегувањето на КФОР и со прогласувањето на косовската независност. Тогаш земјата се претворила во терен за шверц на дрога, тутун и оружје.
Косовските власти се правдаат дека причина за тоа е што земјата не е член на Интерпол, но причините се подлабоки и лежат во тоа што оружјето е останато од војната во 1999 година и предтоа и со него раководат поранешните структури на УЧК.
Comments are closed for this post.