Од денеска до 28 јуни годинава граѓаните на Скопје ќе можат да ги платат заостанатите сметки за вода и смет без камата.
Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.
Корисниците кои имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање, информираат ЈП „Водовод и канализација“ и ЈП „Комунална хигиена“.
Comments are closed for this post.