Претседателката на Комисијата за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, во гостување на телевизијата Телма најави дека ќе бидат отворени неколку нови случаи. Како што истакна Ивановска, меѓу случаите што ќе бидат „чешлани“ ќе има и такви во кои главен актер е Премиерот Зоран Заев
На седница ќе отвараме нови случаи по пријави, како случајот Глобал или „Едно евро за Вицето“. Знаете дека ние работиме неселективно. Исто така утре ќе отвориме и случаи по пријави на граѓани. Седниците се отворени и јавни и секогаш ја известуваме јавноста – најави Ивановска.
Comments are closed for this post.