Два руски хеликоптери Ми-35М и руски тенк Т-72МС пристигнаа во Србија и ќе бидат претставени на 10. мај, во Ниш на воената парада по повод Денот на победата над фашизмот.
Како што наведуваат медиумите, хеликоптерот, познат како „крокодил“ и „убиец на тенкови“, се наоѓаат на аеродромот во Батајница.
Инаку, како што наведуваат, Србија од Русија набавила четири хеликоптери Ми-35 и три Ми-17, а комплетно ќе бидат испорачани во Србија до крајот на годинава.
Тенкот Т-72, во модерна варијанта, се смета за еден од најдобрите тенкови кои некогаш се направени. Располага со активен оклоп и убиствено наоружување чија основа е топ со калибар од 122 милиметри.
Србија во 2015 година догвори со Москва набавка на 30 вакви оклопни возила кои во следните недели е најавено да пристигнат во Србија.
По повод Денот на победата, во Ниш во петок ќе биде одржана покажна вежба за способностите на Војската на Србија и Министерството за внатрешни работи под слоганот „Одбрана на слободата“.
Comments are closed for this post.