Во Полициската станица-Штип рано утринава во 3.05 часот од страна на екипата на Итната медицинска помош било пријавено дека на улицата „Железничка“ има починато деветмесечно бебе.
Портпаролката на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека од страна на полициски службеници во СВР-Штип бил извршен увид на местото на настанот при што било констатирано дека истиот ден околу 3.00 часот, 32 годишната Е.М., мајка на бебето забележала дека бебето не дава знаци на живот за што повикала екипа на Брза помош, а од нивна страна била константирана смрт.
Од разговорот со мајката на бебето и нејзиниот свекор А.М. дознале дека бебето повеќе од една недела било болно, но истите не го однеле за укажување на лекарска помош во здравствена установа, туку го лекувале во домашни услови.
По наредба на основен јавен обвинител од Штип телото на починатото бебе е предадено за обдукција.
Comments are closed for this post.