Пратеникот и екс претседател на Собранието, Трајко Велјаноски објави статус на фејсбук во очи на денешната посета на папата Франциск на Македонија во кој пишува дека поглаварот на Римокатоличката црква е сопственик на уникатна митра изработена специјално за него од монахињите во манастирот Свети Георгиј Победоносец во Рајчица.

Митрата на папата Франциск му беше подарена од македонската државно-црковна делегација, предводена од мене како тогашен претседател на Собранието која во 2016 година беше на аудиенција во Ватикан“, пишува Велјановски во објавата на Фејсбук.

Папата Франциск кој денес е во апостолска посета на Македонија, е сопственик на уникатна митра изработена специјално за…

Posted by Трајко Вељаноски – Trajko Veljanoski on Tuesday, May 7, 2019

 

Митрата му беше подарена на понтифот на Римокатоличката црква како израз на почит и пријателство на нашата земја.

Станува збор за митра со специфики на македонската култура и традиција, изработена од охридски бисери. Митрата од Рајчица, која е симбол на венецот од трње што бил ставен на главата на Исус Христос при неговото распнување на Голгота, е прва што ја добил папата Франциск и според традицијата на Ватикан е заведена како негова тијара.

Римокатоличките поглавари ги носеле тијарите на денот на нивното устоличување.