Снимката на која се гледа како Зоран Заев тргна да му ја бакне раката на папата Франциск, експресно стана вирална на социјалните мрежи.

Видеото беше направено за време на пречекот на папата на Меѓународниот аеродром во Скопје, од страна на претседателот на државата Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев.