Популарноста на американскиот претседател Доналд Трамп е над 45 отсто според Институтот Галуп.
Тоа се случува првпат откако Трамп влезе во Белата куќа на 20 јануари 2017 година.
Според анкетата, 46 проценти од Американци ја поддржуваат политиката на Трамп. На почетокот на март неговата популарност беше 39 отсто.
Според анкетата, зголемена поддршка за политиките на Трамп има кај и републиканците и демократите. Трамп има поддршка кај 91 отсто од републиканците – највисоко кај таа група гласачи , речиси се совпаѓа со рекордно високо ниво од 92 отсто од ноември минатата година.
Рејтинзите за демократите кои го подржуваат Трамп остануваат ниски, но релативно високи за таа група – најновите 12 отсто се повеќе од претходното ниво од април 2017 година.
Анкетата на Галуп е направена во периодот 17-30 април.
Comments are closed for this post.