Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган денеска во Анкара се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, јави агенцијата Андолија.
Средбата на Ердоган и Столтенберг се одржа во палатата „Чанкаја”, зад затворени врати, и траела еден час.
Столтенберг на Твитер објави фотографија и порака во врска со оваа средба.
„Задоволство ми е повторно да бидам во Анкара за да се сретнам со претседателот Ердоган. Турција е многу вреден сојузник, и НАТО е солидарна со Турција која се соочува со сериозни безбедносни предизвици“, нагласи Столтенберг.
На средбата беа присутни и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство Фахретин Алтун, како и Осман Ашик Бак, претседател на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО.
По средбата со Ердоган, Столтенберг имаше и тет-а-тет разговор со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, информира Анадолија.
Чавушоглу на Твитер информира за неговата средба со Столтенберг.
„Со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг разговаравме за многу теми, меѓу кои и односите меѓу НАТО и ЕУ, како и купувањето на „С-400″ од страна на нашата земја. Разговаравме за подготовките за Состанокот на претседателите на државите и владите на земјите членки на НАТО, кој ќе се одржи во Лондон“, напиша Чавушоглу.
Столтенберг допатува во дводневна посета на Турција по повод состанокот на Северноатлантскиот совет со партнерите од Медитеранскиот дијалог.
Comments are closed for this post.