Во повеќето градови во БиХ температурите на воздухот се под просекот за мај, а за време на викендот и денеска, на некои места падна и снег.
Заснежи во Босанска Краина – Приједор, Босански Петров и Цазин, а има снег и во Чемерно.
Снегот ги покри зелените гранки на овошките и ги загрижи земјоделците. Температурата на воздухот не надминува пет степени. Облачно време со повремени дождови се предвидува и за наредните денови.
Снег вчера падна и на загрепско излетничко место Сљеме. Температурата на воздухот во одредени делови на Хрватска беше околу нула степени.
Comments are closed for this post.