Австрискиот канцелар Себастијан Курц предлага промени во Лисабонскиот договор.Во интервју за австрискиот „Клајне цајтунг“, Курц повика на намалување на бројот на еврокомесарите, како и на тоа Европскиот парламент да заседава само во Брисел, а не во Брисел и во Стразбур како што е сега.
Според него, Стариот континент се соочува со должничка, мигрантска и климатска криза, како и со хаос околу Брегзит и ѕатоа е нужен нов договор за Европската унија, зашто стариот веќе не одговара на сегашната реалност.
Целта ни е да ја направиме ЕУ подобра, а не да ја уништуваме или да се занимаваме со фантазии, истакна Курц.
Австрискиот канцелар го праќа повикот еден месец откако францускиот претседател Емануел Макрон го претстави својот план за реформи на ЕУ, во кој предлага создавање на европска агенција за заштита на демократиите, која ќе им помогне на државите членки да ги заштитат своите избори од сајбер напади и манипулации.
Comments are closed for this post.