По повод посетата на Папата Франциск во Скопје, Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар извести дека од 6 мај по 17 часот и цел ден на 7 мај, паркинзите ќе бидат бесплатни за сите граѓани.

Исто така, во известувањето се апелира до жителите на Општина Центар, доколку сакаат непречено да ги користат своите возила на 7 мај, истите да ги паркираат надвор од строгиот центар и сообраќајниците кои ќе бидат со посебни правила на движење заради посетата на папта.